Зимата 1991 – 1992 година, се појавиле судири помеѓу силите на Приднестровие, поддржани од некои елементи на 14-тата армија и молдавската полиција. Помеѓу 2 март и 26 јули 1992 година, конфликтот се заострил и преминал во воен ангажман. На 2 јануари 1992 година, Молдавија ја воведе своја пазарна економија со либерализација на цените по што следеше брза инфлација. Од 1992 до 2001 година, новата држава страдаше од сериозна економска криза оставајќи ја популацијата во голема сиромаштија. Во 1993 година беше воведена новата национална валута – леа, која го замени привремениот „купон“. Економијата во Молдавија започна да се подобрува во 2001 година и до 2008 година државата забележа постојан годишен пораст помеѓу 5 и 10%.
Владата склучи договори со Светската банка како и со Меѓународниот монетарен фонд за унапредување на порастот. Последните трендови укажуваат дека Комунистичката влада има намера да укине некои од овие политики, бара реколективизација односно спојување на замјиштето и воведување на поголеми ограничувања во приватниот бизнис. Во 2000 година економијата бележи позитивен пораст од 2, 1% и 6, 1% во 2001 година. Порастот продолжи во позитивна насока и во 2007 година (6%), делумно поради реформите и поради започнување од мала основа. Економијата останува „ранлива“ како резултат на високите цени за гориво, лошите временски услови за земјоделство и скептицизмот за странски инвеститори. По регионалната финансиска криза од 1998 година, Молдавија постигна значителен напредок за остварување и задржување на макроекономската и финансиска стабилизација. Притоа воведе повеќе структурни и институционални реформи неопходни за ефикасно функционирање на пазарната економија.
Истите во 2010 година се покажале како неуспешни, парламентот повторно се распуштил, а нови парламентарни избори биле закажани на 28 ноември 2010 година. На 30 декември 2010 година, Марјан Лупу беше избран за претседател на парламентот. Во согласност со Уставот, тој е во служба вршител на должноста претседател на Молдавија. Политички систем[уреди | уреди извор] Молдавија е унитарна парламентарна претставничка демократска република. Уставот на Молдавија од 1994 година ја поставува рамката на државната влада. За промена на Уставот на Молдавија, потребно е најмалку двотретинско парламентарно мнозинство и вон услови на војна или вонредна состојба. Измените во Уставот влијаат на суверенитетот и независноста на државата, додека единство може да се воведе само доколку мнозинство гласачи поддржуваат предлог на референдум.
По неуспешниот обид на Августвоскиот државен удар или Августовскиот пуч (руски: Августовский путч, англиски: August Coup), на 27 август 1991 година, Молдавија се декларираше како независна држава. Романија била првата земја која ја признала независноста на Молдавија. На 21 декември истата година, Молдавија како и повеќето Советски републики го потпишаа конститутивниот акт за формирање на пост-советка Заедница на Независни Држави (ЗНД), (англиски: Commonwealth of Independent States).
На 25 декември 1991 година, Молдавија и официјално беше призната. Ден потоа, на 26 декември, Советски Сојуз престана да постои. Декларирајќи се како неутрална држава, Молдавија не се придружила на воената единица на ЗНД. Три месеци подоцна, на 2 март 1992 година, земјата се стекна со формално признавање како независна држава во Обединетите Нации. Во 1994 година, Молдавија стана членка на програмата за Партнество за Мир (ПзМ) на НАТО, а исто така членка на Советот на Европа на 29 јуни 1995 година.
Стопанство[уреди | уреди извор] БДП по сектори: (црвено) Услуги, (сино) Земјоделство, (светлосино) Индустрија. По распадот на Советскиот Сојуз, како резултат на големо опаѓање на индустријата и земјоделството, јавниот сектор во економијата на Молдавија бележи пораст и доминира на БДП (денес околу 75%). Главните економски показатели се драматично намалени, всушност, од 2009 година па наваму, Европскиот Парламент ја опишува Молдавија како најсиромашна држава во Европа. Економски реформи[уреди | уреди извор] По одвојувањето од Советскиот Сојуз во 1991 година, недостатоците на енергија играа клучна улога во влошувањето на општото производство. Како дел од напорите за амбициозна економска либерализација, Молдавија воведе променлива валута, ги либерализираше цените, престана да издава кредити на државните претпријатија, поддржа постојана приватизација на земјиште, ги отстрани контролите за извоз и ги либерализираше каматните стапки.
Освен тоа, не може да се прави ревизија за ограничување на основните човекови права наведени во Уставот. Еднодомниот парламент на Молдавија, воедно е и централно законодавно тело на државата, брои 101 пратеничко место и чии членови се избираат по пат на народно гласање секои четири години. Глава на државата е Претседателот на Молдавија кој се избира од страна на парламентот и за кому се потребни три петтини од пратениците (најмалку 61 глас). Од 2001 година па наваму претседателот на Молдавија се избира на овој начин со цел да се намали извршната власт во корист на законодавното тело. Претседателот го назначува премиерот со функција глава на владата и кој за возврат го составува кабинетот, но и во двата случаја под услов на одобрение од парламентот.
Како денешната република, така и еден регион од Североисточна Романија се нарекува Молдавија. Територијата била повеќепати освојувана од Кримските Татари, а од XV век наваму од страна на Турците. Во 1538 година кнежевството станало дел од Отоманското Царство, но сепак ја задржало внатрешната и делумно надворешна автономија. Дакија[уреди | уреди извор] Територијата на денешна Молдавија низ раната историја била на неколкупати населувана од страна на најразлични племиња како Даките, Гетите и голем број на индоевропски племиња.
За време на Сталинизмот во периодот од 1940 – 1941 и 1944 – 1953 година, биле извршувани депортации на месно население од МССР во северен Урал, Сибир, како и северен Казахстан. Бројките на оние поголемите од 12 – 13 јуни 1941 и 5 – 6 јули 1949 година изнесувале: 18. 392 и 35. 796 лица одделно. Постоеле и поинакви форми на таканаречено „советско“ протерување. 32. 433 политички апсења биле проследени во логорот Гулаг (руски: ГУЛаг - Гла́вное управле́ние исправи́тельно-трудовы́х лагере́й и коло́ний), додека кај 8. 360 од случаите биле извршени погубувања. Во 1946 година, јужно-западниот дел од Советскиот Сојуз страдал од голем глад како резултат на голема суша и задолженија на владата за испорачување на прекумерна квота.
Овие напори, помогнаа за одржување на макроекономијата и финансиската стабилност под тешки надворешни услови, овозможија продолжување на економскиот раст и придонесоа за воспоставување на средина погодна за понатамошен раст на економијата и развој на среден рок. Општи статистички графикони на интернетот во Молдавија. Во однос на брзината за симнување податоци, земјата е рангирана на 9-то место во светот. Покрај напорите и економскиот пораст, Молдавија е сепак нискорангирана држава споредена со други економии во транзиција, во однос на најчесто употребуваните животни стандарди и показателите за човечкиот развој. Иако земјата по 2000 година доживува постојан економски пораст (2, 1%, 6, 1%, 7, 8% и 6, 3% периодот 2000-2003 година и предвидени 8% за 2004 година), може да се забележи дека неодамнешниот напредок едвај го достигнува новото од 1994 година и речиси 40% од регистрираниот БДП од 1990 година.
Според тоа, во последната деценија направено е многу малку за да се намали потешкотијата во земјата. По тешкиот економски пад, социјалните и економски предизвици, потребата за набавка на увозна енергија, Молдавија и натаму се задржува на едно од последнопласираните места на европски држави за приход по глава на жител. Во 2005 година (според Извештајот за човеков развој), бруто-домашниот производ по глава на жител изнесувал 2. 100 $ ПКМ (Паритет на куповна моќ), која е 4-5 пати помала од светската просечна куповна моќ (9. 543 американски долари). Згора на тоа, БДП по глава на жител бил под оној просечниот на статистиката (9. 527 $ ПКМ).
Членува во Обединетите Нации, Советот на Европа, Светската трговска организација, ОБСЕ, (Организацијата за демократија и економски развој), Заедницата на независни држави, Организацијата за црноморска економска соработка) и други меѓународнитела. Молдавија денес се стреми за придружување кон Европската Унија и го спроведе првиот тригодишен оперативен план од рамковниот договор за Европска соседска политика (ЕНП). Потекло на името[уреди | уреди извор] Името „Молдавија“ потекнува од истоимената река Молдавија.
Таа не поседува нуклеарно, биолошко или хемиско оружје. На 16 март 1994 година, Молдавија се придружи на Партнерството за мир на Северно-атлантската договорна организација (НАТО). Покрај другото, земјата запазува повеќе меѓународни и регионални прописи за контрола на оружје како што се наведени во: Протоколот за огнено оружје на ОН, регионалниот план за спроведување на Пактот за стабилност, Програмата за акција на ОН и документите за залихи на конвенционалната муниција на ОСЦЕ. Човекови права[уреди | уреди извор] Според „Амнести Интернешенл“ (Меѓународната организација за заштита на човекови права), „Измачувањето и малтретирањето во полицискиот притвор останаа сè уште актуелни, државата не успева да спроведе брзи и непристрасни истраги, додека полицајците понекогаш избегнуваат казни. Правото за демонстрација на ЛГБТ активистите (лезбејки, геј, бисексуалци и транссексуалци) и натаму се одбива“.
North Macedonia U17 vs Moldova U17 live score, H2H and North Macedonia U17 Moldova U17 live score (and video online live stream) starts on 8 Oct 2017 at 13:00 UTC time in U17 European
Политички дисиденти од групата Лашку беа ослободени од неосновано приведување само по наредба на Европскиот суд за човекови права. 2009 беше годината кога Молдавија ги доживеа најсериозните граѓански немири на декадата. Беа убиени неколкумина цивили како Валериу Бобок и многу други повредени. Според Извештајот за човекови права на Стејт Департментот на САД, објавен во 2011 година, „За разлика од минатата година, нема извештаи за убиства од страна на безбедносните сили. Во текот на годината исто така се намалија извештаите од владата за вршење несоодветен притисок врз медиумите“.
Меѓутоа, „Властите во Приднестровие продолжуваат да ги вознемируваат независните медиуми и опозициските пратеници, ја ограничуваат слободата за здружување, движење и религија и вршат дискриминација врз говорителите на романскиот јазик“. „Молдавија направи значителен напредок во верската слобода по ерата на Советскиот Сојуз, но сепак може да преземе дополнителни чекори за да поттикне разновидност“ – изјави Хајнер Билефелд – Специјален известувач на ОН за слобода на вероисповед или убедување, во Кишинев - септември 2011.
LIVE! Germania U17 – Moldova U17 - YouTube 19 octombrie, la Chișinău și Orhei va demara mini-turneul de calificare pentru Campionatul European de fotbal Under
Молдавија - Википедија Молдавија (молдавски и романски: Moldova), полн назив: Република Молдавија (Republica Moldova) — е држава во Источна Европа. Се протега долж